(РЕЦЕПТ/ВИДЕО) Ручек готов за 15 минути: Солени мафини со печурки и спанаќ кои ќе ви се допаднат

Оброк подготвен за „минута“…
Во слатка или солена варијанта, мафините ги сакаат сите. Солените мафини се идеална опција доколку не знаете што да направите за ручек и немате многу време.
Овој хранлив и вкусен оброк ќе им се допадне на сите генерации.

Состојки:
200 гр спанаќ
9 јајца
150 гр печурки
100 мл млеко
сол, црн пипер
100 гр кашкавал
Подготовка:
Во изматените јајца додадете ги пржените печурки, варениот спанаќ, ренданиот кашкавал, млекото, солта и биберот и измешајте ја смесата.
Подмачкајте го калапот за печење мафини, па наполнете ги со смесата. На секој мафин ставете по една печурка.
Печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …