(ВИДЕО) Го затекнала сопругот со љубовницата, се закачила на автомобилот во движење

ОПШТО хаос неодамна избувнал на улиците на колумбискиот регион Атлантико.
За се е виновна една љубоморна сопруга која цврсто се држела за автомобил во движење (во кој бил нејзиниот сопруг со љубовницата). Случајните минувачи застанаа поради кавгата на улицата, запирале, навивале, а некои ја снимале ситуацијата.
На видеото се гледа како на жената „и паѓа мрак на очите“ кога забележала дека во автомобилот има друга жена. Љубоморната жена истрчала кон автомобилот, предизвикала судир, а потоа скокнала на автомобилот и почнала да вика да и ја отворат вратата. Некои минувачи кои биле сведоци на инцидентот дури ја охрабриле жената да се соочи со сопругот.


Сопругата цело време го пцуела сопругот, а таа не се откажала ниту кога тој стапнал на гас во обид да избега, туку се држела за возилото во движење.
„Ќе те научам да ме почитуваш!“ – викала љубоморната жена. Во еден момент, насобраната толпа го натерала да застане, а потоа и ја отвориле вратата на жената. Влегла во автомобилот за да се пресмета со љубовницата, но не се знае како сето тоа завршило.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАКЕДОНЕЦОТ ВИКТОР НАСТЕСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА БРОДСКА КОМПАНИЈА ПОРАДИ ПАСОШОТ!

Штетите од хаосот со личните исправи на македонските државјани, предизвикани од предавството на марионетската влада …