Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив…
Состојки:
200 г мелени бисквити
100 г мелени лешници
250 г путер
50 мл млеко
180 г млечно чоколадо
150 г цели лешници
300 г Noissete милка чоколадо
200 мл слатка павлака
Подготовка: 180 г млечно чоколадо и 125 г путер заедно истопете па измешајте со мелените бисквити, мелените лешници и млекото и направете цврста смеса. Потоа смесата ставете ја во калап за тарт, убаво распоредете. Горе наредете цели лешници и префрлете во фрижидер додека се подготвува филот.
Во чинија ставете 300 г noissete милка чоколадо, 200 мл слатка павлака и 125 путер и се’ заедно истопете. Потоа полијте преку кората и лешниците и вратете во фрижидер на неколку часови.
Можете да послужите со шлаг.

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.