Совршен оброк за ручек или вечера…
Состојки:
400 г мелено месо
1 средно голем модар патлиџан
4 чена лук
1 црвена пиперка
1 зрел домат
100 г гауда
2 лажици рендан пармезан
сол, црн пипер, оригано, босилок – по вкус
масло по потреба
Подготовка: модриот патлиџан испечете го во рерна, па излупете и испасирајте со пасираниот лук. Насолете идодајте црн пипер. Месото малку пропржете го ан масло и зачинете по вкус. Соединете го месото со модриот патлиџан и со смесата покријте намрсена тава за печење. По површината наредете пиперка исечена на ленти и коцки домати. Печете 20. минути во рерна загреана на 180. степени. Извадете, наросете со рендана гауда и пармезан, и вратете на неколку минути во рерната додека сирењето не се истопи.

(Рецепт) Пица без тесто – совршен оброк за сите љубители на месо и зеленчук
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.