(Рецепт) ДОМАШНА МАСКА ЗА СТАПАЛА: Се подготвува со три состојки кои ги имате дома, а резултатот е веднаш видлив!

Ако сакате стапалата да ви изгледаат убаво потребно е да ги негувате, особено во текот на летото кога се најчесто откриени. Маската за нега на стапалата ќе ви донесе најдобри резултати, а можете да ја направите дома. Маската од краставици нема да ви одземе многу време, а сигурно ќе бидете задоволни од резултатите.
Потребни состојки за маска од краставици:



2 краставици
2 лажици сок од лимон
2 лажици маслиново масло


Подготовка: измијте две краставици, не ги лупете, и исечете да можете да ги ставите во блендер. Додајте сок од лимон и маслиново масло, па се’ заедно изблендирајте. Добиената смеса поделете ја во две ќеси, „обујте ги“ и измасирајте ги стапалата преку ќесите. После 15. минути измијте ги стапалата со млака вода а кожата на стапалата ќе биде свежа и хидрирана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …