(ФОТО) На 48. години ненадејно починал глумецот од серијата „Peaky Blinders“: Заспал и не се разбудил!

Карл Шилс од неодамна работел како уметнички директор на театарот „Theatre Upstairs” во Даблин, основана од неговата партнерка Лора Хонан, но групата престанала да дејствува во март оваа година
Ирскиот актер Карл Шилс, кој го отелотвори  Рајан во серијата „Peaky Blinders“ 2013, почина неочекувано во неделата на 48-годишна возраст, потврди неговиот агент Лиза Ричардс. Шилс починал во сон, а неговите колеги од ирската сапуница „Fair City” биле многу загрижени за него во последно време, бидејќи тој одеднаш знаел да заспие среде снимањето.


“Ние сме шокирани и тажни од сознанието за ненадејната смрт на нашиот клиент и пријател Карл Шилс. Тој беше уникатен и талентиран, во исто време жесток, весел, смешен, срамежлив, отворен и моќен како актер, режисер и театарски режисер,„Theatre Upstairs”. Таму тој беше ментор и голема поддршка за млади писатели и режисери, како и во неговата претходна компанија Semper Fi'”, изјавила Ричардс за ирската телевизија РТЕ. Таа додала дека нивните срца се скршени.

„Нашите мисли се денес со неговата партнерка Лора и неговото семејство, неговите деца, нивната мајка Деарбхл и неговите многу блиски пријатели“, рекла Лиза.

Карл Шилс од неодамна работел како уметнички директор на театарот „Theatre Upstairs” во Даблин, основана од неговата партнерка Лора Хонан, но групата престанала да дејствува во март оваа година

Освен по улогата во серијата „Peaky Blinders“, гледачите Шилс ќе го памтат и по улогите во хит сериите како „Војната на Фојил“, „Into the Badlands“, „The Tudors“ и „Doctors“. Во филмот „Batman Begins“ се појавил во 2005.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …