(ВИДЕО) Дали гатачката Сабина знаела: „Не сакам никој да каже лошо за мој Боки 13!“

Од политичари и бизнисмени до гатачки – така би можел да се опише широкиот круг на пријатели на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13…


Веста за неговото апсење и активности со кои ОЈО го товари за кривичните дела „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари и други приноси од казниво дело” одекна во регионот, а покрај бројните видеа ние наидовме на ова од 2008. година со гатачката со тарот карти Сабина…


„Една е Сабина, скопска легенда. ‘Сабина е кралица наша’ вика Боки. Многу поздрави и бакнежи од мене до Боки. Тоа е срце мое. Прекрасно дете. Он е роден во 86. година, исто како мојот син. Но, за неговите години БРАВО, се труди, и не сакам никој да каже лошо за мој Боки 13. Тој е прекрасно на мамичка детенце. Убаво пееше и добар си е.Има и такви, тој е шоумен“ вели Сабина во емисијата „Тарот со Сабина“ на АТВ.
Видеото е снимено во мај 2008. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …