Ретроспектива на Петра Пан во Кинотека

Во рамки на месецот на европски филм, од 24ти до 28ми ноември, ретроспектива на Петра Пан филм продукција во Кинотека на Македонија.

Влезниците по цена од 150 денари може да се набават на билетарата во Кинотека.


Програма:

24.11. | петок | 18:00
БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА + Q&A
Интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Ќе отпатуваме во Словенија, Македонија и Куба. Преку емотивни и комични елементи, овој филм нè воведува во верувањата во три различни идеологии.
24.11. | петок | 20:00
ТЕЛО + Q&A
ТЕЛО е трогателна долгометражна приказна на режисерката Петра Селишкар која опфаќа две децении од чудесниот живот на Уршка, блиска пријателка на режисерката Селишкар, додека се бори со ретки автоимуни болести.
25.11. | сабота | 18:00
СЕ ПРАШУВАМ КОГА ЌЕ ТИ НЕДОСТИГАМ
СЕ ПРАШУВАМ КОГА ЌЕ ТИ НЕДОСТИГАМ е драмедија, бајка која се занимава со клучни теми – како што се тинејџерската нелагодност, важноста на волјата и моќта на сонот – раскажана со реализам и поезија.
25.11. | сабота | 20:00
МОЈОТ ПРЕВРТЕН СВЕТ + Q&A
Музички документарец за сестран уметник со сериозно оштетување на мозокот наречено разум.
27.11. | понеделник | 20:00
ДЕНОВИ НА ЛУДИЛО + Q&A
Преку партиципативниот метод на снимање филм, приказната нè води низ деинституционализацијата и социјализацијата на ментално болните лица.
28.11. | вторник | 18:00
МАМА ЕВРОПА + Q&A
Приказна за Европа видена низ очите на шестгодишната Терра. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и мајка со словенечки корени, малата Терра многу бргу учи што е тоа граница.
28.11. | вторник | 20:00
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ + Q&A
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ одблиску ги следи почетоците на бендот „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Поради карцином и ги извадиле ДВЕТЕ ГРАДИ, а потоа дознала за СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА: „Се тресев кога ми кажаа“

Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и …