Работниците на „Порше“ ќе добијат бонус од соништата

Илјадници вработени во Порше добиваат огромна награда.
Порше заврши одлична деловна година со значителни приходи и што е најважно, мал профит. Затоа, традиционално одлучи да ги награди своите работници. Вработените во Porsche, повеќе од 27.000 од нив, ќе добијат бонус во износ од 9.050 евра, од кои 3.000 се припишуваат на успешното ИПО, пишува Automobilwoche.
Работниците ќе го добијат бонусот со априлската плата, а тука се вклучени сите работници на Porsche во Германија и вработените во Porsche Financial Services и Porsche Logistik GmbH.
Да потсетиме, лани работниците на Порше добија бонус од 7.900 евра, а со овогодинешните суми компанијата се искачи на самиот врв и тоа не само во автомобилската индустрија. На пример, вработените во Фолксваген за минатата година добија бонус во износ од „само“ 3.630 евра, додека „Мерцедес“ ги почести своите над 90.000 вработени со 7.300 евра. Благодарение на вишокот во касата, Audi ги почести работниците со дури 8.500 евра, додека BMW беше уште подарежлив со 9.000 евра.

This image has an empty alt attribute; its file name is porse-rabotnici-1.jpg
Специјална награда ќе добие и раководството. Така, Оливер Блуме, кој покрај директорската позиција на Порше, ја извршува и функцијата шеф на групацијата VW, на три рати ќе добие вкупно 2,37 милиони евра. Останатите членови на одборот ќе добијат по 1,36 милиони евра, а одборот ќе добие вкупно околу 10 милиони евра награди.
Порше ја затвори 2022 година со приход од 37,6 милијарди евра, испорачани 309.900 возила и оперативен профит од 5 милијарди евра, пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung.


Фото: Porsche

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …