forum_mk

Прв форум за иницирање на практики на локално ниво: Одржливо Еко-филмско производство и диструбиција во Битола во рамките на „Бит фест“

Денеска од 18 часот во киното „Манаки“ во Битола официјално ќе биде отворен Првиот форум за иницирање на практики на локално ниво: Одржливо Еко-филмско производство и диструбиција, којшто се одржува во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на „Балкан синема ситис“, а во партнерство со локалната самоуправа, Општина Битолаи Културен и информативен центар – Битола.Форумот ќе биде отворен со проекција на играниот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, кој е првата македонска продукција која користеше еко практики.

Форумот под слоганот „Дејствувај на локално ниво” има за цел преку дијалог помеѓу повеќе засегнати страни од централно, општинско и секторско ниво да поттикне идеи за градење на една визија за развој на силен локален филмски, културен и креативен сектор, како и визија за создавање и градење на т.н „пријателска филмска и аудиовизуелна околина на локално ниво“‚ која позитивно може да влијае како на заедницата, така и на локалната економија и економскиот раст на подолг период.


This image has an empty alt attribute; its file name is forum_mk.jpg

Иницирањето на Форум за локални практики во иднина треба да придонесе за создавање на подобра стратегија за децентрализација, локален економски раст, развој на филмската дејност и културната политика воопшто.


На Форумот ќе учествуваат повеќе засегнати чинители од областа, дел се од локално ниво, дел од централно ниво, и секако преставници – домашни и меѓународни професионалци од филмскиот сектор.

Работниот дел со гостите и учесниците продолжува утре на следниве теми:
– Зелен аудиовизуелен сектор – можности и предизвици
– Предизвици: Дигитализација на кината и поддршка на дистрибутивната инфраструктура
Здружението за поддршка и производство на долгометражни и краткометражни филмови и поддршка на развојот на филмската дејност Балкан синема ситис (БСС) е регионална филмска платформа која ја поттикнува меѓурегионалната и прекуграничната соработка. Освен стимулација во делот на уметничката и креативната размена низ цела Европа, Балкан Синема Ситис ги вмрежува домашните и странските професионалци и често отвара дискусии за значајни теми со кои се соочува аудиовизуелниот сектор во целина. За тоа говори и иницирањето на оваа идеја за одржување на овој Форум.


Форумот е поддржан од Општина Битола и Културно Информативниот Центар – Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …