Промоција на книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски

ШОРТКАТ – компанија за филмска продукција, уметност и издаваштво и Редакција ФРОНТЛАЈН имаат чест да го претстават своето најново издание, книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски.

Промотори на книгата ќе бидат проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски.


Промоцијата ќе се одржи денес во рок бар Гарсон, со почеток во 19:30 часот.

Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу авторите кои се занимаваат со напредокот и примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз општеството, економијата, безбедноста, меѓучовечките односи и низа други аспекти.


Според авторите Дерала и Нешовски, „оваа книга е придонес кон разбирањето на вештачката интелигенција, нејзината примена, предизвиците и перспективите, добрите и лошите страни, иднината.“

Идејата за ова дело произлегува од серијата дијалози објавени во рубриката TECH FRONT на Фронтлајн на почетокот на оваа година. Дијалозите се дополнети со нови, необјавени делови, како и сосема нови кратки есеи на темите поврзани со вештачката интелигенција. Авторите ја повикаа и вештачката интелигенција да креира голем број тематски илустрации, еден краток осврт за книгата и фиктивни, футуристички биографии.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …