Промоција на книгата БAJAЧКИТЕ ОБРЕДИ  КАКО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА КУЛТУРА од м-р Ана-Марија Бранѓолица

Ве покануваме на дружење на 14 јуни со почеток во 20:00 во Кафе Ли каде што ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од м-р Ана-Марија Бранѓолица во издание на „Фуснота“.

Промотор на книгата е Душко Крстевски.


Главен уредник на книгата е Драгана Евтимова

Дизајн на корица изработи Мите Спасовски


Предмет на истражување во научниот труд на Ана-Марија Бранѓолица е феноменот на баењето, како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити што ги применува лицето што бае и што раководи со обредот. Една од клучните цели во истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењата претставуваат централна сила во исцелувателската улога, каде што баењето како севкупно истражување има своја логика и своја поетика, па оттука произлегува и главната цел на овој исклучителен научен труд на авторката. Токму затоа, научното истражување на Ана-Марија Бранѓолица заслужува посебно внимание во нашата книжевност и во нашиот простор кај читателите, а особено добива свој простор за понатамошна дискусија., вели Душко Крстевски.

Книгата ќе се биде достапна за продажба на промоцијата по промотивна цена, а потоа и во книжарниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ГО НА ВРЕМЕ – Еден симптом кој често се појавува во текот на летото може да биде скриен знак за дијабетес

Дијабетесот е сериозна здравствена состојба предизвикана од високо ниво на шеќер во крвта, а еден …