Промоција на „ Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски

Во Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” во Кочани, утре, 16 октомври во салон „Фоаје“ 2, со почеток од 18:00 часот  ќе се одржи промоцијата на  „ Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски кој е добитник на „ Рациновото признание“ за 2022 година. Промотор ќе биде Весна Мојсова – Чепишевска.

Блаже Миневски е роден 1961год. во Гевгелија. Тој е македонски раскажувач, романсиер и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет – Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Миневски е добитник на високи новинарски признанија: наградата „Крсте Мисирков “ на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на „ Нова Македонија“. Исто така, тој е добитник на книжевните награди: „ Рациново признание“, „Стале Попов“, „Роман на годината“ и повеќе награди за расказ.
Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски,шпански, турски и албански јазик.
Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, е во издание на „ Матица македонска“ и е посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. За овој роман, Миневски по втор пат го добива „Рациновото признание“ на Рациновите средби, што се одржаа во Велес оваа година.


Во романот за првпат се објавуваат автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот, за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина.

Повелете, Ве очекуваме.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …