„Проект калабалак“ – журка по мерка до раните утрински часови во Радовиш

 Шестото издание на електронскиот музички фестивал „Проект калабалак“ се одржа во саботата под силни протоколи на заштита од коронавирусот.Публиката беше во значително намален број поради ограничувањата за присуство на настани, а пред настанот им се мереше и температура на сите посетители. 

Организаторот, здружението на граѓани „Experience in music“ им овозможи одличнаа тмосфераи забава на посетителите под отворено небо на паркингот „Орел“. Фестивалот успеа да собере 800 посетители според рестрикциите во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваа здравствените протоколи за одржување вакви настани.


Легендата на белградската и балканска техно-сцена Марко Настиќ и грчкиот диџеј Dino MFU беа ѕвездите на неколку часовниот музички спектакл, со поддршка на најдобрите домашни диџеи – веќе докажаниот и еден од најдобрите во Македонија – диџеј Никифор, диџеј Ампов и диџеј Marsabb.


Целта на „Проект калабалак“ по шести пат беше да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.


Првото издание беше во 2015 година и остави голем впечаток кај љубителите на електронската музика од ИсточнаМакедонија.

Фестивалот се одржува со поддршка на општината Радовиш и на Министерството за култура.

https://www.facebook.com/ProjectKalabalak

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …