Пристигнува затемнување на Сонцето и тоа носи важни промени кај овие знаци

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Последната сезона на затемнување во 2022. година е пред нас. Во вторник на 25. октомври не очекува делумно затемнување на Сонцето, а на 8. ноември целосно затемнување на Месечината. Ова обично се смета за период на големи промени во астрологијата. Ова затемнување на Сонцето се случува во знакот Скорпија, познат по својата темна и интензивна природа, па нè очекуваат драматични настани и длабоки трансформации.
Планетарните влијанија ве поттикнуваат да се прилагодите на околностите кои на почетокот можеби ќе бидат тешки, но ќе го отворат патот за раст и посреќни искуства. Ако не забележите промени веднаш, имајте на ум дека влијанието на затемнувањето може да се почувствува неколку недели пред и по самиот настан.
Еве кои хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат неговото влијание:

Бик
Ве очекуваат предизвици во односите со околината. Ако долго време сакате да излезете од врска или соработка, сега ќе соберете храброст и ќе донесете одлука. Иако се чувствувате подготвени да раскинете, ова затемнување може да зајакне некои врски кои биле неусогласени или нестабилни. Во секој случај, во овој период ќе научите важни лекции за меѓучовечките односи, но и за себе.


Лав
Затемнувањето во Скорпија може да навести промени во вашата домашна динамика. Можеби ќе се преселите во друг стан, ќе дочекате нов член на семејството или ќе го преуредите вашиот дом. Некои ќе се преселат да живеат во друг град поради возбудлива деловна можност, но одењето во непознатото нема да биде без тешкотии. Ќе ви треба време за да се прилагодите, но не се откажувајте кога ќе стане тешко, бидејќи подоцна може да зажалите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …