Убаво се израдувавме на топлите зимски температури но се чини дека на тоа дојде крај и зимата повторно се враќа…
Дееска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен ветер.
Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот врнежи од снег ќе има и на повисоките места. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните од 9 до 16 степени.
Во петок не очекува нагол температурен шок – намалување на температурите за 8 до 10 степени.
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.Утринската температура ќе се движи од -6 со 2, а дневните од 1 до 8 степени.
Во сабота веќе ќе имаме вистинска зима – Ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минимална утринска температура: -9°C до -2°C.Максимална дневна температура: -4°C до 2°C, јавуваат од УХМР.