ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САД: Хакери се обиделе да ја отрујат водата за пиење на Флорида

Хакерите провалиле во системот за водоснабдување на градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја отрујат водата, изјавил шерифот од округот Пинелас, Боб Гуалтиери.
Како што навел, хакерите далечински пристапиле до софтверот на компјутерот на еден од вработените и ја презеле контролата над другите системи.

Шерифот опишал дека работник во фабриката седел покрај компјутерот кога на екранот се појавил прозорец со предупредување дека се случил неовластен пристап и дека глувчето потоа започнало да ги отвора програмите и да управува со системот самостојно.
Хакерите ја зголемиле количината на натриум хидроксид што се истура во вода во мали количини за регулирање на киселоста, но опасно е кога се консумира во поголеми количини.



Гуалтери изјавил дека работниците брзо успеале да ги запрат компјутерските команди и дека количината на натриум хидроксид што стигнала до водата е минимална.

Фото: Tanjug


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …