БРИТАНСКИОТ принц Вилијам денеска со сопругата Кејт пристигнал во ненајавена посета на Јордан по повод венчавката на јорданскиот престолонаследник.
Вилијам и Кејт им се придружија на мноштвото странски гости кои ќе присуствуваат на свадбата на принцот Хусеин (28) и саудиската архитектка Раџва Алсеиф (29).
Церемонијата ќе се одржи подоцна денеска во палатата Захран, каде што се венчале таткото на принцот, кралот Абдула Втори и неговиот дедо, покојниот крал Хусеин.
Доаѓањето на Вилијам и Кејт го потврдија јорданските државни медиуми. Меѓу гостите се првата дама на САД Џил Бајден и неколку членови на кралските семејства од целиот свет, вклучително и кралот и кралицата на Холандија.
Фото: Принтскрин/Instagram