ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија распишува конкурс за книжевни творби инспирирани од стихови на Ацо Шопов и Илија Карајанов

По повод 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов (20.12.1923-20.04.1982) и 80-годишнината од раѓањето на поетот Илија Карајанов (08.07.1943-25.01.2016), ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.

Творбите може да бидат есеи, проза, поезија, или драмски текстови, а како автори може да се јават сите граѓани кои творат на македонски јазик, без возрасни ограничувања.


Книжевните дела да бидат напишани на некоја од следниве теми, инспирирани од стихови на двајцата македонски поети:

1. Вечноста од мене до твојата небиднина (А. Шопов)


2. Ќе може ли песната да го памети поетот во времето – море, без почеток и крај? (И. Карајанов)

3. Модар јаглен гори во утробата на зборот (А. Шопов)


4. Ќе ги најдеме ли клучевите за тајните двери и ковчези додека животот невидливо поминува? (И. Карајанов)

5. Да бидеме подобри од црвеното срце на лебот (А. Шопов)

6. Писмото – сономорје, соноглед и крик (И. Карајанов)

Текстовите, потпишани со шифра, од  1 до 30 јуни може да се испратат на е-адресата bibliotekagevgelija@yahoo.com или по пошта, на следнава адреса: ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија, ул. „Васо Карајанов” бр. 1, 1480 Гевгелија. 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Eксклузивен концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се …