(ФОТО) ПРИНЦОТ ЧАРЛС ОД ОВА СТРАВУВА СО ГОДИНИ: Последната желба на принцезата Дијана ќе биде освета од гроб

Принцезата Дијана трагично го загуби животот во 1997 година и немаше можност да го види својот син, 38-годишниот принц Вилијам, како станува крал на Велика Британија. Од тогаш поминаа 23. години, а нејзиниот поранешен сопруг, 71-годишниот принц Чарлс, прв во редот за кралската круна, сè уште го чека својот голем момент.


И’ додека на дворот има гласини дека кралицата ќе бара Чарлс да му ја предаде круната на неговиот син Вилијам, зборовите на принцезата Дајана што таа ги изговорила пред нејзината смрт одекнуваат во неговите уши.
Очигледно нејзината последна желба била Вилијам да биде крал наместо Чарлс.



Сигурен извор од дворот открил дека најголемата желба на Дијана била Вилијам да биде крал, за што и самата навестувала кога во познато интервју за „Панорама“ во 1995 година шокантно изјавила дека Чарлс не треба да стане крал.
„Чарлс и онака се чувствува многу несигурен поради анкетите кои покажуваат дека Вилијам е многу попопуларен од него кај Британците и тој е свесен дека кралицата е свесна за тоа. Затоа тој се плаши дека последната желба на Дијана може да се оствари“, рекол изворот и додал дека тоа може да биде „одмазда на Дијана кон Чарлс од гробот “.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …