Претставата „Љубовна терапија“ премиерно во Кочани

Во петок на 20 октомври 2023 година, со почеток во 19:00 во НУЦК “Бели мугри”- Кочани, ќе може да ја погледенете претставата „Љубовна терапија“ во продукција на НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово.

По премиерната изведба на 14.10.2023 година, во склоп на фестивалот ДЕНОВИ НА КОМЕДИЈА ВО КУМАНОВО, доаѓаат со премиерна изведба во Кочани.


Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси. Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“.

Режија: Драгана Таневска
Играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г., Матеј Стојковски к.г.


Билетите се во ограничен број а се продаваат по цена од 200 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …