Пред 22 години на денешен ден почина актерот Божо Софрониевски

Божо Софрониевски бил роден на 1 март 1922 година во Волковија – Гостивар. Тој е македонски театарски, филмски, телевизиски и радиски глумец, поет, драмски писател и преведувач.

Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во Радио Скопје (денес Македонско радио) при РТВ Скопје (денес Македонска радио-телевизија) каде што работел како радиски глумец сè до крајот на својот работен век.


Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р. Македонија – „Мојата гитара“.

Починал на 10 ноември 2001 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …