Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал на 43-годишна возраст по битка со рак на желудникот, пренесува „Daliy Mail“.
Овој 75-годишен композитор и оскаровец ја сподели тажната вест преку Твитер:
„Скршен сум што морам да соопштам дека мојот сакан најстар син Ник почина пред неколку часа во болница. Целото семејство е собрано и сите сме целосно уништени“, напишал ценетиот композитор.


Николас Вебер имал 43 години и неодамна влегол во хоспис (болница во која се згрижуваат луѓе во последните стадиуми на рак).
Неговиот татко претходно објави видео на Инстаграм во кое зборува за тоа. „Сакам да ви се заблагодарам за многуте пораки за поддршка за мојот син Ник. Тој сега е хоспитализиран и се бори“, вели тој во видеото.

„Мислам дека тој го помина најлошото од овој прв напад на пневмонија што го доби како резултат на ракот, што е едноставно ужасно. Сите сме тука и семејството е собрано тука, и мислам дека тоа беше вистинското место за сите нас.Ќе се видам со Ник за минута и ќе му ги пренесам сите фантастични желби што ги добив за него од целиот свет, додал тогаш тој.
Николас бил композитор номиниран за Греми, а во 2021 година го напиша оригиналниот албум „Пепелашка“ на Ендрју Лојд Вебер.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …