ПОТВРДИЛ – ВОДИТЕЛОТ ЏОРЏ АЛАГАЈА ЗАБОЛЕЛ ОД РАК А ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: На светот му испратил моќна ПОРАКА!

Џорџ Алагаја, водител на британската национална телевизија Би-Би-Си, потврдил денес дека тајно го победил корона вирусот и покрај тоа што страдал од карцином.
Легендарниот презентер, која веќе имал дијагноза со карцином, решил да се повлече на почетокот на месецот, по советите на лекарите, заради ширењето на вирусот корона.
Во интервјуто со колегшката Софи Рајворт, тој сподели емотивна порака до сите оние кои се борат со карцином.
„Ако можам да живеам со карцином, сигурно можам да живеам со корона“, рекол тој.


„Не би сакал ова да звучи тривијално, бидејќи имав многу благи симптоми, но мислам дека фактот дека веќе живеам со карцином, ми дава некаква предност.“
„Ние сме во тешки и мрачни времиња, но некако мислам дека оние со карцином се многу посилни затоа што добро сме свесни како изгледа кога се соочувате со нешто каде резултатите се несигурни“.
„Длабоко чувствувам дека мојата шестгодишна битка со ракот ме направи посилен“, заклучил водителот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …