Поршето завршило покрај патот а ѕвездата на „Династија“ во болница

Хедер Локлир која ја памтиме по улогите во сериите „Династија„ и „Мелроуз плејс“ во минатото имала проблеми со опијати, како и со опасни инциденти на патиштата…
Хедер Локлир (55) завршила во болница поради повреди со кои се здобила после сообраќајна несреќа.
Глумицата во калифорниското гратче Таусенд Оакс со своето „Порше“ завршила покрај патот. Според полицискиот извештај, Локлир не била под дејство на алкохол или дрога.
Локлир во минатото имала проблеми како со опијати така и со опасни инциденти на патиштата.
Така во септември 2008. била уапсена бидејќи возела под дејство на дрога, додека во почетокот на 2009. година имала проблеми поради „бесно“ возење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …