Поради новиот сој на корона вирусот во Шкотка ќе им биде слободен само Бадник

Според новите мерки на британската влада воведени поради зголеменото ширење на новиот вид на коронавирус, во Шкотска, како и на југот на Англија, наместо предвидените пет дена за ублажување на ограничувањата, тој период се сведе само на Бадник.
По тој повод, премиерот на Шкотска, Никол Старџен, им се обрати на граѓаните велејќи им дека новите правила „доведуваат до солзи“, но исто така предупреди дека „на вирусот не му е грижа за ништо друго освен што да се шири колку е можно повеќе“, објави „Daily Mail“.
„Ќе дозволиме слободен ден на Бадник, но, како што рековме на почетокот, искористете ја оваа флексибилност само ако навистина и вистински потребна“, истакнала Старџен.
Таа додала дека ги советува граѓаните да не се среќаваат во затворено за време на Бадник и да го избегнуваат тоа ако е можно.
Британскиот премиер Борис Џонсон и група британски научници во саботата потврдија дека новата варијанта на коронавирус идентификувана во Велика Британија е за 70% позаразна од претходниот вид на вирус, но не и повеќе смртоносна и дека вакцината треба да биде ефективна против новиот вид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …