Подгответе зимска облека – доаѓа многу студено време

Дождот и’ не не исплаши толку многу, но прогнозите за наредните денови навестуваат многу студено време…како зимата да дојде еден месец порано…
Студениот фронт од север кој ќе помине во текот на ноќта кон понеделник како и во понеделник зад себе ќе остави трага и тоа гледано по температурите на воздухот и по северниот ветер. Поточно намалувањето на облачност вечерта и ноќта кон денот во вторник рано наутро ќе услови МНОГУ НИСКИ температури на воздухот и истите ќе се спуштат во интервалот од -7 до 2 степен што значи на повеќе места температурите на воздухот ќе се спуштат под нулата.
Сите граѓани који во вторник наутро ќе излегуваат или тргнуваат на своите работни места ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат и топла облека со цел да се заштитат од студениот воздух, најавуваат од  meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …