ПОЧИНАЛА ПОЗНАТА АКТЕРКА: Се прослави во оваа ЛЕГЕНДАРНА комедија каде глумеше МАЈКА, а тој е скршен од БОЛКА

Лиз Шеридан, актерката која се прослави со улогата на мајката на Џери Сајнфелд во неговиот ситком со исто име, почина на 93-годишна возраст.

Ѕвездата на „Seinfeld“ починала од природна смрт во петокот околу 2:30 часот наутро, пренесува TMZ, а нејзината фотографија е објавена на официјалниот Твитер профил од серијата која ја прослави.
Шеридан ја играше заштитничката мајка на Џери Хелен Сајнфелд во 21. епизода од серијата, од 1990. до 1998. година.


– Лиз беше најслатката, најубавата ТВ мајка која секој син би ја посакал. Секој пат кога таа се појавуваше во шоуто, тоа беше најпријатното искуство за мене. Многу сум среќен што ја познавав“, напишал шокираниот Џери Сајнфелд.
Таа починала по помалку од две недели по смртта на Естела Харис – уште една ѕвезда на „Сајнфелд“, позната по улогата на мајката на Џорџ Констанца. Како Шеридан, и Харис имаше 93. години.
Лиз, која е родена во Њујорк, ја започнала својата кариера работејќи како танчерка во ноќни клубови, каде што го запознала Џејмс Дин во раните дваесетти години. Двојката уживала во краткотрајна романса во 1952. година, која Шеридан подоцна ја опишала во својата книга „Дизи и Џими: Мојот живот со Џејмс Дин: Љубовна приказна“.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …