Џосара Џинаро, актерка позната на јавноста по улогата во серијата „Ургентен центар“ (ЕР), починала на 48-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Овие наводи ги потврди и нејзиниот сопруг на нејзината официјална страница на Фејсбук.
View this post on Instagram
„Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на 27. април 2022. година. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со своето семејство. Џосара беше неверојатна сопруга, мајка, уметник и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифаќаше ‘не’ како одговор.
Таа и во последните моменти се уште се мачеше. Таа сега почива во мир и ќе биде запаметена засекогаш. Мене, на Лиам и Емрис многу ќе ми недостига, иако знаеме дека таа е во нашите срца и не води на секој чекор“, се наведува.
View this post on Instagram
Џосара имаше богата и долга холивудска кариера. Таа глумела во различни телевизиски серии како што се „Ургентен центар“, „Judging Amy“, „Strong Medicine“ и други.
Таа пораснала во Колумбија и била посвоена ќерка на дипломат. Откако герилците го зеле нејзиниот очув како заложник, таа со семејството се преселила во Америка.
На 16. години го потпишала својот прв договор со агентот, а потоа следувала улогата на Вирџинија Бустос во серијата „Вива Вегас“.Таа дебитирала во серијата „Judging Amy“, а потоа станала една од омилените ѕвезди од серијалот „Ургентен центар“.
Нејзината улога во филмот „Passions“ беше номинирана за наградата GLAAD во 2006. година. Таа се врати во Колумбија во 2009. година и почнала да работи како продуцент.
Фото: Принтскрин/Instagram