Починал оскаровецот Кристофер Пламер

Наградуваниот актер Кристофер Пламер, кој се прослави со улогата на капетанот фон Трап во филмот „Моите песни се мои соништа“, починал на 92-годишна возраст.
Пламер починал утрово во неговиот дом во Конектикат, САД, а неговата сопруга Елејн Тејлор била со него, изјавил долгогодишниот пријател и менаџер на Пламер, Лу Пит.
Повеќе од 50 години во филмската индустрија, Пламер играше бројни улоги, од филмот „Girls With the Dragon Tattoo“, до гласот на негативецот во филмот „Up“ од 2009. година и адвокат во бродвејската претстава „Наследство на ветрот”.
Сепак, неговата улога покрај Џули Ендрус, како глава на семејството фон Трап, го направи aвезда. Тој сметал дека улогата е еднодимензионална и без хумор.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


„Толку се обидовме да му внесеме малку хумор на тој лик. Беше скоро невозможно. Беше агонија да го направам нешто што не е картонска фигура“, рекол Пламер во интервју за АП во 2007 година.
Таа улога го направи aвезда, но тој никогаш не се префрли на улогите на главните машки ликови, и покрај неговиот добар изглед и благ англиски акцент. Тој претпочиташл карактерни улоги, сметајќи ги за понапорни.
Тој доживеа своевидна ренесанса доцна во животот, која започна со реномираната улога на Мајка Валас во филмот на Мајкл Ман „Инсајдерот“ од 1999 година, а потоа продолжи со филмови како „Прекрасен ум“ од 2001 и други.
„Многу луѓе во светот не се задоволни од она што го имаат. Потоа се повлекуваат и стануваат како растенија. „Сметам дека пензионирањето во која било професија е смрт, затоа сум решен да продолжам да се борам“, изјавил тој за АП во 2011 година.
Во 2017. година, Пламер го замени Кевин Спејси како Пол Гети во „Цената на животот“ (All the Money in the World) само шест недели пред филмот да се појави во кината. За таа улога доби номинација за Оскар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …