ПЕТГОДИШНИОТ Рајан од Мароко, чие спасување од бунар длабок 32. метри траело четири дена, починал само половина час откако бил спасен.
Според Ал Џезира Мароко, пристигнала официјална информација дека момчето не ја преживеало операцијата.
Потсетуваме дека момчето поминало четири дена во бунарот. Спасувачите попладнето успеале да ископаат тунел до него, а тој бил извлечен од тунелот околу 21.30 часот по локално време. Веднаш со возило на брза помош бил пренесен во болница.
Но, за жал не ја преживеал операцијата.