МАЈКА ЈА УБИЛА ЌЕРКАТА (3) ПОРАДИ СУНЃЕРОТ БОБ: Крвавото тело го спакувала во вреќа за ѓубре – херојот од цртаниот филм и „наредил“ да го направи тоа

ЏАСТИН Џонсон (22) ја убила својата тригодишна ќерка Сатон два дена по роденденот на девојчето. Таа го искасапила детето со нож, а потоа телото го ставила во црна кеса за ѓубре. На суд, таа рекла дека херојот од цртаните филмови Сунѓерот Боб Кокалоне и рекол на телевизија да го убие детето, или тој ќе ја убие неа.
Истражител на социјалната служба за загрозени деца пред судот изјавил дека Џастин не се сеќава што направила бидејќи имала халуцинации.
– Рече дека го гледала Сунѓерот Боб на телевизија и дека тој почнал да и кажува да го убие детето. Дека мора да ја убие својата ќерка, инаку Сунѓерот Боб би ја убил неа. Таа претходно била зависна од хероин, а по убиството рекла дека не спиела две недели и дека поради тоа имала халуцинации – изјавил истражителот Рајан Еберлин.
Нејзиниот помал брат, чие име не се открива бидејќи се уште е малолетен, го пронашол телото на својата сестра во торба.
– Ја прашав каде е Сатон, ми рече да се грижам за својата про***та работа, но тоа беше вообичаен начин на комуникација за неа. Потоа видов торба и стапало како излегува од неа. Го допрев стапалото, беше ледено – рекол тој.
Детето било прободено со нож во главата, градите и стомакот, а раните биле ужасни, изјавил истражителот. Џастин била врзана со лисици во судницата, а неконтролирано плачела во текот на целиот судски процес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …