Починал Леон Витали

Британскиот актер Леон Витали, познат како еден од најблиските соработници на Стенли Кјубрик, починал на 75-годишна возраст.
Витали починал во саботата, на 20. август во Лос Анџелес, но неговото семејство денес ја потврди тажната вест за Асошиетед прес.
Според нив, тој починал дома опкружен со своите најблиски, меѓу кои и трите деца Маша, Макс и Вера.
„Леон беше посебен и симпатичен човек воден од неговата љубопитност, кој ширеше љубов и топлина каде и да одеше“, велат неговите деца во изјавата дадена од Маша Витали.
Леон Витали беше најпознат по тоа што беше десна рака и личен асистент на режисерот Стенли Кјубрик, како и по улогите во „Бери Линдон“, „Очи широко затворени“, „Ромео и Јулија“ и многу други.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …