(ФОТО) ЈА САКАЛ КАСАНДРА, А САКАЛ И ДА МАЛТРЕТИРА! Срцекршачот од шпанската серија е насилник – признал дека ја претепал девојката!

Домашната публика го памети како Игнасио од хит серијата „Касандра“.
Освалдо Риос Алонсо, актер со порториканско потекло, остана запаметен по улогата на богат млад човек и неговиот „злобен близнак“, кој се заљубил во Касандра.

Култната улога од 1996. година освои симпатии низ целиот свет, а потоа Освалд почнаа да го следат скандали.
Риос беше во брак три пати и има три сина. Причината поради која се распаднале браковите е поради насилството.
Во 2004. година, актерот бил осуден на затвор за кривично дело семејно насилство врз неговата тогашна девојка Дејзи Сантијаго.



Во една прилика за шпанските медиуми истакнал дека не знаел да ја цени својата девојка и низ солзи признал дека врз неа употребил вербално и физичко насилство.
Дури и’ подоцна, не го одбегнувале обвинувањата за злоупотреба на партнерките во бракот со новинарката Кармен Доминичи и во врската со бразилската атлетичарка Касијана Роса.

Риос денес има 62. години и е во врска со убавата Лусијана Родригез.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …