Почина Никола Боби Автовски, човекот кој го испеа првиот македонски шлагер „Кажи зошто ме остави“


Почина Никола Боби Автовски, човекот кој го испеа првиот македонски шлагер „Кажи зошто ме остави“ и на тој начин ја започна и историјата на македонската забавна музика.
Автовски беше македонски театарски и филмски актер. Зад себе ги има улогите во „Мис Стон“, „Солунските атентатори“, „До победата и по неа“, „Време без војна“, „Истрел“…
Автовски остана препознатлив по изведбата на првиот македонски шлагер „Кажи зошто ме остави“, која е создадена уште во 1947 или 1948 година, како плод на сосема искрен порив за забава на тогашните млади момци во Битола. Текстот е на Јово Вељановски. Никола Боби Автовски, иако охриѓанец, со завршено Средно воено музичко училиште во Вршац, работел како актер во Театарот во Битола. Младешката енергија за песна брзо ги поврзува Јове и Боби, па на една од забавите Боби првпат ќе ја испее „Кажи зошто ме остави“.

Песната често е изведувана на програмата на Радио Битола, но секогаш во живо, од самиот Боби Автовски. Првата снимка е направена во 1956 година, во Радио Скопје.
Ова е уште е една од ретките песни што се пее на македонски јазик и надвор од границите на Македонија, како и „Ах, љубов сладок сон“.


Македонската телевизија во 2015. година сними документарен филм „Кажи зошто ме остави – Никола Автовски“:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По веста дека почина Тоше Поп Симонов: Соработниците се простуваат…

Замина уште една македонска музичка легенда… Почина Тоше Поп Симонов (1962 – 2025), еден од …