„Пет фест“ семеен настан со богата програма за сите љубители на домашните животните

Утре со почеток од 11:00 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи најголемиот настан за миленици во регионот.  „Пет Фест“. Богата содржина со забавни и едукативни содржини за деца, возрасни и крзнените пријатели. Влезот на настанот е бесплатен.

„Пет Фест“ нуди навистина богати содржини, а програмата ќе трае се до полноќ. За најмладите посетители е предвидена креативна ликовна работилница со Биби и Боби на тема животни и цртање на тема мојот миленик, музичко забавен перформанс со маскоти куче полицаец, како и детски модерни танци.


Од останатите содржини присутните можат да се запознаат со единицата на МВР за службени кучиња К9, Илија Петковски Груминг академија Скопје, кој ќе ја претстави професијата грумер (фризер за миленици), Егзотични инсекти со Дарио Стојановски, начини на одгледување на егзотични инсекти и нивните потреби за правилен развој, птици грабливки со Трајче Китановски, одгледување и едукација на птиците грабливки, нивната примена во општеството и значењето во еко системот, доделување награди Pet Awards 2023, специфики на расата Малиноа со Раде Милевски, доделување на наградите Look Alike за сопственици кои си личат со својот миленик, најфризура за кучиња, опасен поглед (за мачки) и уште многу интересни соджини.

За музичкиот дел на „Пет Фест“ ќе се погрижи DJ Соња Исмаил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …