Оваа сабота ќе се одржи литературна вечер на која ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска

Оваа сабота, на 06.4.2024 година во просториите на Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи литературна вечер на која ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ објавени во 2021 година, кои поради Ковид-пандемијата сè досега не беа промовирани. Значајно за сите 3 книги е тоа што се дел од Современа македонска книжевност-едиција: КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ и истите се носители на награди на конкурси распишани од издавачката куќа ДАТА ПЕСНОПОЈ – Битола.

Стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (носи II награда ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА), новелата „Сињор Џордано и… (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) и романот „Разголување“ (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) издадени од Дата ПЕСНОПОЈ – Битола објавени 2021 година. Книгите се објавени под псевдоним на авторката – Ана Каракаш. Автор на кориците на сите три книги е г-дин Илија Мерковски, главен и одговорен уредник во издавачката куќа ДАТА ПЕСНОПОЈ – Битола која зад себе има децениска успешна работа. Во сите три дела темата е убавината, љубовта и пролетта.


Модератор на настанот и промотор на книгите: „Скршен поет и други поеми“, „Сињор Џордано и…“ и „Разголување“ од Гордана Каракашевска ќе биде Елеонора Николовска.

Избор стихови ќе читаат Елизабета Клинчаревска Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …