„Вау, вау“ пишува покрај фотографијата која е објавена на страницата „Dnevna doza prosečnog Dalmatinca“ на Фејсбук, каде добила неколку илјади лајкови, но и неколку стотици коментари.
И’ додека некои се чуделе на глетката што ја виделе, други им се чуделе токму на нив.
„Нормално е да го гледате ова во Загреб,бидејќи домашните мачки не можете да ги пуштите сами, можат да се изгубат или исплашат, затоа што не се навикнати на животот надвор, и им треба прошетка и воздух … Сплит е мал град, а задржувањето на туристите е дефинитивно поважно од држењето маче“, коментирал еден.
“Единствено вам во РХ ова ви е чудно и смешно, надвор ова е нормална појава. Особено кога мачката ќе ја платиш неколку стотици евра, сигурно нема да ја пуштиш како селска мачка која шета каде ќе стигне и се парат каде ќе стигнат…и потоас ечудиме дека градот ни е полн со напуштени мачиња“, е еден од коментарите.
Ги имало и оние кои сметаат дека тоа е смешно само во „примитивен свет“, но и дека ако можат „прасиња на поводник, зошто не би можеле и мачки“.