Ова се знаци за узбуна: Навиките што ги носиме од токсичните врски ги уништуваат новите врски

Сите ние барем еднаш во животот сме имале „токсична врска“ – иако тоа искуство ни послужило да научиме многу од тоа, исто така довело до развој на одредени обрасци на однесување кои немаат место во здравите меѓучовечки односи. Од сомнеж и недоверба, до лоша комуникација и функционирање според системот „око за око, заб за заб“.
Ова се трите најчести навики кои ги носиме од токсичните врски и кои треба што поскоро да ги заборавиме:

1. Недоверба
По врската која ве исцрпи во секоја смисла, станувате недоверливи не само кон потенцијалниот следен партнер, туку и кон себе. Се разбира, некој ве повредил, но не можете да изградите нова врска на недоверба. Довербата е основата на секоја врска и ако сакате некому да му дадете шанса, мора да заборавите на минатото и да верувате во себе, но и во личноста која стои пред вратата на вашето срце.


2. Се плашите да го кажете тоа што ве мачи
Разликите и недоразбирањето беа каменот на сопнување на вашата последна врска. Сепак, тоа не значи дека треба да живеете во страв да го кажете своето мислење или став во нова врска. Ако градите нова врска врз основа на старата, знаете дека нема да заврши добро. Затоа, од самиот почеток, бидете искрени и отворени за разговор.

3. Сè мерите на лажичка
Ако сте биле во токсична врска, сè уште живеете во страв дека ќе бидете повредени. Токму затоа започнувате нова врска по методот како што ми правиш – така ќе ти правам јас тебе и тоа е голема грешка. Против оваа навика мора да се борите, бидејќи вистинската љубов е сè, но не и мерење на кантар.


Кога ќе запознаете нова личност, треба да дадете се од себе за да верувате, да се ослободите и да го оставите претходното искуство зад себе. Не само што заслуживте да продолжите понатаму, туку можеби сте запознале некој кој е скапоцен и нема да ве повреди, па затоа треба да му дадете шанса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …