(ФОТО) НАМЕСТО РАЗДЕЛБА ВЕНЧАВКА која ќе трае три дена: Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе прават свадба викендов, а овој пат сè ќе биде во стил

Како што известуваат „инсајдерите“ Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов ќе имаат тридневна венчавка
Познатиот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек решиле да ја направат свадбената прослава од соништата само еден месец откако тајно се венчаа во Лас Вегас.
Парот викендов ќе одржи тридневна церемонија која ќе имаме можност да ја видиме на страниците на престижниот магазин „Вог“.

– Бен сака на тој голем ден сè да и биде подредено на неговата избраничка Џенифер Лопез – ексклузивно раскажува инсајдер за Page Six.
Нивната тридневна „интимна прослава за семејството и пријателите“ ќе започне со пробна вечера во петок.
Самата церемонија ќе се одржи во сабота, а парот ќе ја заврши венчавката со скара и пикник во недела.
Се очекува Џенифер (53) да носи фустан со потпис на Ралф Лорен, кој е специјално изработен во Италија, а магазинот „Вог“ внимателно ќе следи се.


View this post on Instagram

A post shared by keeperfacts (@keeperfact)


Настанот до последен детаљ го испланирал Колин Кауви, кој е познат како еден од најдобрите во бизнисот. Неговите хонорари се движат од 25.000 до 25. милиони долари, а тој во минатото продуцираше настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан и многу други.

View this post on Instagram

A post shared by SurgeZirc US (@surgezircus)

Извори блиски до парот изјавиле дека Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео се некои од ѕвездите кои се нашле на списокот на гости на славната двојка.

This image has an empty alt attribute; its file name is imot-na-ben-aflek.jpg

TMZ минатиот месец објави дека настанот ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …