(ФОТО) ЈА ЗНАЕМЕ КАКО ДОРИС ДРАГОВИЌ но нејзиното име е сосема поинакво!

Во поранешна Југославија имаше завидна кариера
Дорис Драговиќ на југословенската музичка сцена се појави пред четири децении, која наскоро ќе ја прослави со голем концерт во родниот Сплит.

Како тинејџерка сакала да пее со друштвото на брегот, потоа станала член на групата „Море“, а во 1986. година ја започнува својата соло кариера со евровизиската песна, која оттогаш стана евергрин „Желјо моја“ .


This image has an empty alt attribute; its file name is doris-so-soprugot-683x1024.jpg

Четири години подоцна се омажи за ватерполистот Марио Будимира, стана мајка и драстично ги намали јавните настапи.


А знаете ли кое име и го пишува на личната карта? Дорис Драговиќ всушност е – Доротеа Будимир. Презимето го „присвоила“ по венчавката, додека родителите при раѓањето и го дале името Доротеа. Сепак, сите ја нарекувале Дорис уште од најраното детство, бидејќи тоа е пократка верзија.

Прекарот го употребила кога се откажала од студиите по социологија и решила да заплови по музичките води, а мора да се признае дека повеќе и одговара од вистинското име за работата со која се занимава четириесет години.

Фото: Колаж

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …