Основните грешките во маркетинг и ПР процесот се кобни по бизнисот на компаниите

Маркетингот и ПР-от како процеси во компаниите сеуште ги сметаат за трошок, иако истите претставуваат една од водечките алатки за успешноста на истиот.
Поигрувањето со овие две алатки може сопственикот на компанијата да го чинат цело богатство. Почнувајки од градењето на компанијата па се до брзиот пропаст на истата.
Можеби овие неколку воведни реченици звучат како клише или како нешто веќе чуено, но точноста на истите е потврдена и со повеќе научни трудови кој што се спроведени во овие две области.
Кога се говори за маркетингот и пиар-от како практични процеси со сите нивни пропратни сродни науки и процеси мора да се истакне дека истите секогаш мора де се анализираат од аспект на карактеристичноста на пазарот или пазарите на кој што дејствуваат овие процеси.


На македонскиот пазар и неговите сродни пазари од регионот се детектираат повеќе општи критични точки за неуспешноста на маркетинг и пр стратегиите.
Првенствено професионаолноста, не секогаш компаниите препознаваат кој е вистински професионалец. Многу често се случува луѓе надвор од маркетинг и ПР заедницата да се занимаваат и да нудат услуги од овој тип. Без притоа истите да имаат соодветно образование за истите, маркетингот и пиар-от не претставува само процес на едноставно рекламирање. Подготвителните процеси и контролните механизми на овие две алатки и нивните процеси се повеќе важни за успешноста отколку она што му се пласира како промотивен дел на крајниот потрошувач на самиот крајот.
Изборот на промотивен канал и професионалноста на услугите понудени од истиот се од особено значење. Во ерата на брз техничко – технолошки развој како се така и овој сектор брзо се менува, особено во делот на медиумско комуникативните алатки.
Релевантноста на медиумот и угледот на журналистите е исто така од големо значење за успешноста на овие процеси. Во време кога лажните вести се во тренд на секојдневен пораст мора да се внимава на изборот на медиуми и професионалци со кој што ќе се соработува.
Комплексноста и актуелноста на оваа тема е високо сензитивна, затоа истата сегментирано ќе биде поодднелно и детално понатаму разработена, и во континуитет објавувана.

М-р Владимир Грујовски
Магистер на економски науки – Маркетинг менаџмент


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …