Шер открила дека во домот на Тина во Швајцарија имало апарат за дијализа
Тина Тарнер (83) почина во средата. Рок легендата почина од природна смрт, во сон, а од неа веќе два дена се збогуваат многу фанови и колеги, меѓу кои и двете многу добри пријателки Опра и Шер.
Тие двајца го откриле и последното што Тина им го кажала пред смртта, а изгледа дека познатата пејачка била подготвена за неа.
View this post on Instagram
Бев убедена дека е болна
– Бев убедена дека е болна, но ја видов во 2019 година, ја посетив во болница и потоа ми кажа дека е подготвена да замине. Поточно, ми кажа дека е подготвена да го напушти овој свет. Очекував и дека тоа ќе биде последен пат да ја видам – изјавила Опра за CBS Mornings.
И’ Шер имала слично искуство.
View this post on Instagram
Апарат за дијализа
-Долго се бореше со болеста и беше многу силна, исто колку што луѓето мислат дека е, но кон крајот ми рече: „Навистина сум подготвена. Не сакам повеќе да се борам со ова“ – изјавила Шер во емисијата „The Beat with Ari Melber“.
Шер открила и дека во домот на Тина во Швајцарија имало апарат за дијализа, но тоа е се што сакала да открие во однос на деталите.
Фото: Архива