ОД НУЛА ДО КУЛТУРА – ПРОЕКТ ЗА МУЗИЧКО И КУЛТУРНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Овој проект е замислен за елементарно музичко и културно описменување на граѓаните на Општина Прилеп, како и презентација на млади музичари од општината и Р. Македонија за нивна промоција.

II. ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ
Музиката е еден од најважните сегменти за развој на секоја личност, посебно на младите граѓани на нашата општина кои допрва треба да бидат активни учесници во социјалниот живот во општината.


За жал сведоци сме дека во последните години, освен со повремени исклучоци, тоа што се сервира како музика во општината најчесто во кафулињата низ градот, за жал е докажан шунд кој нема никаква музичка, а уште помалку културна вредност со која нашите граѓани би станале подобри личности за себе, и со тоа и за сите останати граѓани на општината.
Значењето на слушањето на квалитетна музика за однесувањето и за подобрувањето на психофизичкото здравје на граѓаните е докажано од реномирани когнитив бихевиорални психолози, како и клинички психијатри на врвни универзитети низ светот и мислам дека дополнително не би требало да се дебатира за значењето на истиот.
Затоа ние како општина треба да се потрудиме во најмала рака да им ги приближиме вистинските вредности на нашите граѓани.

Втора позитивна работа од овој проект што би произлегла е промоција на локални млади музичари, како и мала помош за дополнителна промоција на веќе етаблирани музичари и мала финансиска помош на истите како потик од нашата општина.
Трета работа е за одреден временски период овој настан би добил на популарност од околните градови си тоа би се развивал и локалниот туризам


III. ДАТУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ
Датумот на реализиацијата на овој проект е предвиден во периодот од 14.06.2023 до 30.08.2023 за време на школскиот распуст, со тоа што би се одржувал седмично, односно секоја среда доколку временските услови го дозволат тоа.

IV. МЕСТО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ
Камената бина пред споменикот на Александар Македонски.


V. НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ
Проектот е осмислен на локални млади музичари или пак локални веќе етаблирани бендови да им даде за задача да направат програма во времетрање од 90 – 120 минути со песни од светската популарната поп и рок култура која имаат големо влијание за културна наобразба на секој човек како Beatles, The Queen, Sting, Bob Dylan, Depeche Mode, Pink Floyd, U2, R.E.M, Michael Jackson итн, итн, со тоа што би биле тематски вечери за промоција на вакви великани на музиката кои се наградувани дури и со нобелова награда да им се презентираат на помладите, односно еден дел од вечерта би била посветена исклучиво на еден музичар, односно група , а вориот дел од вечерта бендовите би свиреле авторски песни и песни од останати групи, односно музичари.

Автор на проектот : Кире Конески
Реализатор на проектот :
Општина Прилеп
Дизајн на постер : Михајло Мотески
22 јуни CROSSROAD
29 јуни NO CIGARETTES
06 јули The FOUR
13 јули ROCK BLUES BAND
20 јули The SCHMUCKS
26 јули The HOUNDS
10 август The Doctors
17 август LockDown

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот пророк Исаија

Светиот пророк Исаија Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко …