Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија“

Волонтери од Македонски Телеком ќе израдуваат со Новогодишни подароци над 2.000 деца од ранливи категории низ Македонија…

Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија“ Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија“ Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија“
Во пресрет на Новогодишните празници почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија“. Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат деца од Кавадарци, Скопје, Битола, Велес, Дебар, Делчево,Неготино, Прилеп, Ресен, Струга, Струмица,Тетово, Штип и Пробиштип.
Караванот се одржува веќе петнаесет години, а волонтерите годинава ќе израдуваат над 2.000 деца низ Македонија.
Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и деца сместени во здравствени институции.
Волонтерите ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца и да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …