(ФОТО) Синот на моќен милијардер си го барал назад прстенот од свршеницата која „го откачила“

Кох во тужбата навел дека Ајви била таа која ја раскинала веридбата во мај и дека повеќе пати барал од неа да му го врати прстенот, но тоа не се случило.
Вајат Кох, моден дизајнер и син на моќниот американски милијардер Бил Кох, ја раскинал веридбата со својата девојка и сега го бара назад вереничкиот прстен кој е вреден 250. илјади долари.
Вајат кој живее на Флорида, денеска поднел тужба против Ајви Слокамб. Тој во март и купил дијамантски прстен од 8,24 карати за 180. илјади долари, но неговата вредност денес е проценета на четврт милион долари.
Кох во тужбата навел дека Ајви била таа која ја раскинала веридбата во мај и дека повеќе пати барал од неа да му го врати прстенот, но тоа не се случило.


“Прстенот го доби условно. Таа одби да го врати и покрај барањето” – пишува во тужбата во која Кох, освен прстенот, бара и 15. илјади долари оштета.
Не е познато дали и’ неговата поранешна вереничка најмила адвокат.

Вајат Кох е основач на компанијата “Wyatt Ingraham LLC”, модна линија за мажи. Како што се наведува на сајтот на компанијата, неговото чувство за мода е смело, а Вајат смета дека облеката треба да биде повод за почеток на разговор.
Таткото на Вајат е “тежок” околу 1,7 милијарди долари. Бил е коосновач на Академијата Оксбриџ во Вест Палм Бич.
Семејството Кох е често во центарот на светското внимание, а тие се сметаат за едни од “главните играчи од сенка” на американската политика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на …