НОВИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Повеќе од 284.000 нови случаи на корона во светот

Во целиот свет, претходниот ден беа регистрирани повеќе од 284.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 19,81 милиони, објави Светската здравствена организација.


Умреа уште 6.565 лица, така што вкупниот број на жртви на епидемијата надмина 716.000, според СЗО,во дневниот билтен.
Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци што ги пријавуваат земји, пренесува ТАСС.
Најголем број случаи има во Јужна и Северна Америка, повеќе од 10. милиони, а само претходниот ден имало 155.112 нови случаи и 4.228 смртни случаи. Вкупно 380.894 луѓе загинаа во тој регион.
Во Европа потврдени се 3,5 милиони заразени лица, а повеќе од 216.000 луѓе починале.
Во Југоисточна Азија се регистрирани 2,4 милиони случаи и над 51,000 жртви.


РЕГИОН
Словенија – 2.247
Хрватска – 5.543
БИХ – 13.687
Србија – 27.863
Македонија – 11.754
Црна Гора – 3.588
Албанија – 6.275
Грција – 5.421
Бугарија – 13.687


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …