Често слушаме дека ноктите се огледало на здравјето. И тоа е вистина. Ноктите се составени од протеин познат како алфа-кератин, кој делува како полимер за да обезбеди заштитен слој за кожата одоздола, што значи дека е важно добро да се грижите за нив, но и да внимавате на какви било промени.
Една од најчестите промени на површината на ноктите се белите дамки кои повеќето луѓе ги игнорираат. Сепак, дерматолозите предупредуваат дека тоа може да биде многу опасно бидејќи, иако често се безопасни, може да бидат знак за сериозни здравствени проблеми кои треба навреме да се лекуваат.
Белите дамки на ноктите (леуконихија) се многу чести и секој ги среќава барем во одреден момент од животот. Тие можат да укажат на неколку различни проблеми, но сите се поврзани со фактот дека ова е начинот на вашето тело да ви каже дека не сте целосно здрави. Најважно е да се открие причината и да се преземат соодветни чекори за нејзино лекување.
Што предизвикува бели дамки на ноктите?
Спротивно на популарното верување дека обично се работи за недостаток на калциум, тоа не е точно во повеќето случаи. Белите дамки на ноктите обично се знак за оштетување на површината на ноктите поради сувост или некоја друга траума. Така, луѓето кои грицкаат нокти се повеќе склони кон појавата на овие бели дамки, исто како и оние кои често прават гелирани нокти. Според дерматолозите, многу ретко се работи за недостаток на одредени минерали, како цинк или калциум.
„Белите дамки се дефинираат како кератински наслаги на плочката на ноктите, а во повеќето случаи станува збор за траума предизвикана од удар или неправилна нега. Може да се работи за суви нокти или траума предизвикана од удар, но не е исклучена и можноста за габична инфекција.
Имено, габите на ноктите можат да се појават секогаш кога ќе ги изложите на топла и влажна средина, а бактериите можат да навлезат во ноктот кога ги турпијате или средувате ноктите, особено ако алатките што се користат за ова не се стерилни, објаснува дерматологот Пол Џарод Френк.
Во исклучително ретки случаи, појавата на бели дамки може да биде знак за посериозни здравствени состојби, како што се срцеви заболувања, откажување на бубрезите или пневмонија.