НЕ Е ЗА БРАВО: Град Скопје за концертот на Дино Мерлин на 31. декември ќе плати 100.000 евра! Што е многу, многу е макар и од спонзори!

Ако за некого овој износ е изненадување мораме да признаеме дека за нас не е…
Одамна најуспешните екс југословенски изведувачи за Нова година на плоштад наплатуваат шестцифрени износи – 100.000 евра. Па оттаму и не чуди што Дино Мерлин и Здравко Чолиќ во највеселата ноќ ќе заработат по 100.000 евра за своите концерти (Чолиќ ќе пее во Црна Гора).

Како што е ред, организатор на настапот на Дино Мерлин за новогодишната ноќ е град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата одржана пред два месеци изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје. Според Шилегов, настапот на босанскиот пејач Град Скопје ќе го чини нула денари.



Да, можеби градот нема да ги даде тие пари, туку некој или некои спонзори, но останува фактот дека кога се’ повеќе млади се иселуваат од државата а се’ повеќе граѓани „копаат“ по контејнерите ова е, најмалку, срамен чин за прослава…
Ако некој од официјалните лица (град скопје, влада…) сакал да го слуша Дино мерлин поарно да му организирале концерт – барем помалку ќе чинеше!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …