Оваа девојка од свои 17. години, откако поради карцином ги загубиле родителите, самостално се грижи за своите помлади браќа и сестри.
Денес, дваесет и едногодишната Саманта Родригез веќе четири години е родител на нејзините помлади браќа и сестри, воспитувајќи ги во Орландо, Флорида.
Саманта самостојно се грижи за шеснаесетгодишната Милагрос, петнаесетгодишната Бренда, дванаесетгодишниот Мајкл, деветгодишната Бела и седумгодишната Дестини.
„Кога моите родители починаа јас имав 17. години. Тие сè уште беа деца и некој мораше да се грижи за нив“, вели храбрата сестра, Саманта.
Нивната мајка Лиза Смит во 2013. се еазболела од агресивен рак на врвот на матката, а само три години подоцна нивниот татко Александер се разболел од лимфом и бргу починал.

Тогаш Саманта сериозно ја сфатила улогата на старател, па редовно ги одведувала на училиште, на лекар и на спортски активности.
Таа, исто така, им помага во домашните задачи и некако наоѓа време и да студира, додека исто така работи како келнерка за да го издржува семејство.
„Наследив многу сила од мајка ми. Поминав многу време со неа, па кога ја изгубивме, знаев дека во секоја смисла на зборот сакав да бидам како неа“, рекла таа.
Во времето кога нејзината мајка се разболела, Саманта се откажала од училиште за да се грижи за неа, но не заборавила на своето образование, па пред неколку години матурирала.
„Кога сфатив дека сакам моите браќа и сестри да станат успешни луѓе кога ќе пораснат, сфатив дека морам да се вратам на училиште и да им дадам пример. Јас сум многу среќна, тие всушност ме прават среќна затоа што тие се моето семејство и ништо не е тешко за мене“, заклучила оваа храбра девојка во интервју за ABC News.